По подолг период на подготовки, Jeep најпосле ќе започне со освежување на гамата, почнувајќи со 3 нови модели.
Клучен елемент кај моделите во подготовка е нивната ефикасност, со што тие ќе станат поатрактивни за европските купувачи. Посебно многу се очекува од малиот субкомпактен SUV со должина од околу 4,2 метри, базиран на основа на претстојниот Fiat 500X, кој најверојатно ќе се произведува во фабриката Мирафјори во Торино.
Останатите два модела се замената за Cherokee, кој ќе биде поставен на платформата на Alfa Romeo Giulietta и ќе биде понуден со 2,0 литарски италијански дизел мотор, како и заедничкиот наследник на Compass и Patriot.
Лани Jeep во Европа продаде 23.745 возила, што е за 62% повеќе од претходната 2010 година. Овие три нови модела треба да му помогнат на Jeep во наредните три години за повеќе од пет пати да ја зголеми европската продажба, на 125.000 возила годишно, додека глобално се очекува продажбата да се искачи од сегашните 592.000 на 800.000 возила. Истовремено, европската дилерска мрежа ќе се зголеми од 518 на 650 овластени продавачи.
Објавено во соработка со Авто Плус.