И Jeep ќе користи менувачи од Hyundai

Компанијата се откажува од вариаторната трансмисија во моделите Compass и Liberty.

Кросоверите Jeep Compass и Liberty повеќе нема да може да сметаат на вариаторната трансмисија, истакнуваат повеќе медиуми, кои се повикуваат на свој извор во концернот Chrysler. Според информациите замената ќе се случи уште до крајот на оваа година, односно досегашниот безстепен менувач, произведен од компанијата Jatco, ќе биде заменет од 6-степен автоматски од Hyundai.

Главна причина за изборот на хидромеханичкиот менувач, кој доаѓа на местото на претходната безстепена трансмисија, се многуте критики од клиентите, кои не се задоволни од работата на вариаторите. Освен нова менувачка кутија, кросоверите на Jeep ќе добијат и нов систем за погон на сите тркала – Dynamax. Сличен систем се користи во моделите Hyundai ix35 и Kia Sportage.

Концернот Chrysler од речиси година користи корејски менувач на еден од моделите – Dodge Dart.

431_Jeep-Liberty-470-2

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -