Јапонци си направија домашно кино од картонска кутија

Јапонија е позната по генијални идеи и трендови кои ги создаваат жителите на оваа планета со брзина на светлината. Еден новитет кој ни доаѓа од оваа земја е приватно кино од картонска кутија.

Веројатно илјада пати сте сакале да гледате филм на таблетот или на мобилниот телефон, но тоа не било едноставно, затоа што се заморуваат рацете. Јапонците размислиле и сфатиле дека за да го избегнат овој проблем потребни им се само картонска кутија, селотејп и перница.

1

Прво морате да исчете соодветна дупка на кутијата, како и отвор за вашата глава. Потоа да легнете на перницата, да ја ставите кутијата на главата и да уживате во филмот.

2

Освен што не се замараат рацете, воопшто не пречат светлината и надворешните звуци.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Се уште не се знае кој прв го измислил ова кино. Се верува дека датира уште од 2013 година, само што трендот никогаш не заживеал во јавност.

Иако изгледа сосема чудно, да се сетиме дека Јапонците ги измислиле караокето, сушито и нормално, Вокменот.

Картонското кино доста потсетува на прочената јапонска „капсула“ хотел, каде што се спие во соби со големина на ковчег.

4

Зад овој изум не стои ниту една компанија, само ентузијасти кои сакале да си олеснат и да создадат сосема друга атмосфера додека гледаат филм.

5

Сепак, не се препорачува толкава близина меѓу апаратот и човековото око.

Видео: Чекор по чекор до домашно кино

- Реклама -