Јапонките признаа дека наместиле натпревар

Јапонските фудбалерки намерно не го победиле натпреварот против Јужна Африка, призна нивниот селектор Норио Сасаки.

Јапонките одиграа неверојатни 0:0, што беше оценето како „лажирање“ од целата спортска јавност, а селекторот Сасаки откри дека тие имале добар мотив за тоа, да не се преселат од Кардиф во Глазгов.

„За нас беше многу важно да не се селиме од Кардиф. Жалиме што не победивме поради гледачите, но тоа беше моја одлука. Натпреварот го игравме на еден сосема поинаков начин“ изјави Норио Сасаки.

Ако Јапонките победеа против Јужна Африка, селекција од која се убедливо подобри, ќе мораа да патуваат околу 500 километри до Глазгов, за денеска таму да ги одмерат силите со Франција. Вака, останаа во Кардиф и ќе играат против Бразил во четвртфиналето.

Секако, многу обвинувања кон јапонскиот женски фудбалски состав, упатија Американките, кои јавно истакнаа дека Јапонија на ваков начин не ја почитува играта, како и Олимписките игри воопшто.

Сепак, и покрај „признанието“  од страна на селекторот на Јапонија, Норио Сасаки, сепак, ФИФА, исто како и ИОК, нема да преземат ништо околу овој случај.

- Реклама -