Јапонската влада го одобри законот кој овозможува движење на автомобили без странични ретровизори.
Како што е познато, недостатокот на странични ретровизори ќе биде компензиран од мали камери кои ќе го покажуваат реалното сообраќајно опкружување на возачот, преку видео приказ. Сеуште не е сигурно, кој прв модел ќе биде опремен со новитетот, но најверојатно дека вака подготвен автомобил „без ретровизори“ ќе видиме на патиштата уште оваа година.
Се очекува до 2023 година технологијата да биде распространета не само во Јапонија, туку и во целиот свет. Околу 1/3 од сите нови автомобили во почетокот на следната деценија ќе користат токму камери, а не странични ретровизори, додава Automotive News.
Автоплус