Познатиот готвач за новогодишните празници реши да ја изненади сопругата, па нејзиниот стар автомобил го претвори во машки тркачки автомобил.
Триесет и седумгодишниот Џејми тајно го позајмил возилото на Џулс и го украсил со налепници со пламен, црна алуминиумска хауба, затемнети стакла и ребрасти тркачки седишта. Џулс била воодушевена од резултатите.
Џејми објави на Твитер дека тајно го земал стариот автомобил на сопругата кој таа го сакала со страст, и го направил подобар за возење. Со сребрена и црна боја и пламени налепници од страните во комбинација со моторот од 950 кубика. А таа едноставно го обожавала новиот изглед на автомобилот.
Во пресрет на Божиќ, Џејми објави фотографија на Твитер на која цело семејство се облечени во пижами со линии од новата колекција за деца на Џулс која се вика Мала птица.