
Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, е оценет на 343 милиони евра, што го прави најскапиот фудбалер на глобалната сцена, надминувајќи ги Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, според податоците на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).
Швајцарскиот завод за статистика применува специфична методологија за пресметување на вредноста на играчите. Ламин Јамал, 18-годишен европски шампион со репрезентацијата на Шпанија, се наоѓа на врвот на оваа листа, пред напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, чија вредност изнесува 255 милиони евра, и играчот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, проценет на 201 милион евра.
Еве ја листата на најскапи фудбалери според CIES:
1. Ламин Јамал (Барселона) – 343 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 255 милиони
3. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 201 милион
4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 153 милиони
5. Микаел Олисе (Баерн) – 137 милиони
6. Флоријан Вирц (Ливерпул) – 136 милиони
7. Дезире Деу (ПСЖ) – 135 милиони
8. Жоао Невеш (ПСЖ) – 131 милион
9. Арда Гулер (Реал Мадрид) – 130,3 милиони
10. Педри Гонзалез (Барселона) – 130 милиони
Фото/ depositphotos



