Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски, кампањата ја продолжи со средба со жителите на Гостивар.
Јакимовски, зборуваше со гостиварци за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето и како што напомена тоа е заради, поради лошите политики на досегашните владеjачки гарнитури.
– Причината за масовниот егзодус е поради полтронскoтo однесување на функционерите не водејќи сметка за својата туку за туѓите држави, рече Стевчо Јакимовски претседателски кандидат од ГРОМ.
Тој посочи дека е кандидат на граѓаните, а не продолжена рака на партиите. Зборувајќи за промената на уставот, тој упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.
– Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата, рече Јакимовски.