Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре ги демантира гласините кои го поврзуваат со преселба во ПСЖ.
Иднината на Јаја Туре е неизвесна откако неговиот агент изјави дека фудбалерот не е среќен во Манчестер Сити и најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.
Се појавија шпекулации кои велеа дека Туре сака преселба во ПСЖ, но играчот негира дека има нешто со францускиот клуб.
„Не размислувам на ПСЖ” – вели Туре за Sport-Ivoire.
„Знаете дека весниците пишуваат се и сешто”.
„Професионалец сум и не сум се договорил со ниту еден друг клуб. Во моментов сум играч на Сити и ќе се борам до крај за добро да ја завршиме сезоната”.
„Во клубот има фудбалери и администрација. Ние сме како војници и го правиме она што ќе ни го каже работодавачот”.
„Најважно за мене е да продолжам да играм добро и да ја задоволувам публиката”.
Актуелниот договор на Јаја Туре со Манчестер Сити истекува во 2015 година.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.