Jaguar со визија за иднината

726_Jaguar-470-1[1]

Иднината е денес! Звучи како клише, но во случајот е вистина. Луѓето на британската „мачка“ се фокусирани на иновациите повеќе од кога било досега, шефовите, дизајнерите и инжинери продолжуваат да ги поместуваат границите кон непознатото постојано и што е можно повеќе.

665_Jaguar-470-2[1]Ова не се празни „пофалби“ – да се потсетиме до каде дојде примената на алуминиумската технологија, или пак уникатниот концепт C-X75… Хибридниот супер автомобил со двојно турбо и моќност од речиси 800 КЅ не се најде во сериска изведба, но од него се искористија многу елементи за F-type, F-pace, XE и XF. С-Х75 беше само почетокот, ќе има веројатно и други од моливот на Јан Калум.

775_Jaguar-470-3[1]Веќе има предлози за креација на C-X95, засега виртуелно дело на Џек Лиу од Сан-Франциско. Тое е прилично различно во однос на на оригиналниот концепт C-X75 на Јан од 2010. Во него се користат голем број на клучни елементи, дизајнерски карактеристики на Jaguar, специфична маска, хауба, бокови…. Дизајнерот сугерира моќност, визијата му е далеку подалеку од стандардните архитектонски норми денес. На листата се технологии кои допрва треба да најдат примена, што уште еднаш потврдува за тоа дека во британскиот бренд повторно отишле предалеку померувајки ги границите и стандардите.

Автоплус

- Реклама -