Моделите со погон на сите четири тркала исчезнаа од гамата на Jaguar во 2009 година, со запирањето на производство на семејството X-Type.
Денес, погонот 4х4 е повторно на дневен ред, па веќе во јануари 2013 брендот ќе стартува со продажбата на седан XF и XJ во верзија со погон на сите тркала. Управувачкиот нов трансмисиски модул TCCM анализира многу показатели, вклучувајќи ги и аголот на вртење на управувачот, брзината на секое тркало и нивото на кохезија со патот, по што автоматски го распределува вртежниот момент меѓу тркалата.
Во нормални услови на предната оска, преку електронски контролирана спојка се пренесува само 20% од расположливиот вртежен момент, што му овозможува на автомобилот да се однесува вообичаено, како возио со заден погон. Во случај на опасност од лизгање на задните тркала и на заминување од место, моментот ќе се подели меѓу оските во однос дури и до 50:50.
Иако главната цел на новиот предлог е да се зголеми стабилноста на однесување во услови на лизгав или покриен со вода, снег, лисја… пат, не се заборавиле и основни вредности како динамичност, адаптивност…За целосно прилагодување на новиот систем 4х4, на управувањето и шасијата, тест пилоти и нженери поминале 18 месеци во испитување, главно во северна Шведска на границата на Северниот поларен круг.
Објавено во соработка со Авто Плус.