На натпреварот помеѓу Глорија и Интернасионал од Гаучо шампионатот, се случи интересна ситуација кога гостите требаше да го ублажат резултатот. Имено играчот од гостинскиот тим изведе пенал и погоди во стативата. Топката се врати до неговите нозе и кога имаше зицер, погоди во петата на голманот. Овој не беше ни свесен дека ја одбранил топката, па сврте едно два три круга околу самиот себе си за да се осигура дека нема гол.