Извлечени двојките за полуфинале на Лига на шампиони

Како што повеќето очекуваа, во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе гледаме две рамноправни полуфиналиња. Во првото, силите ќе ги одмерат Баерн Минхен и Реал Мадрид, со тоа што Баварците ќе бидат домаќини на првиот натпревар.

А во втората полуфинална пресметка се среќаваат екипите на Ливерпул и Рома, со тоа што Англичаните ќе ги пречекаат Римјаните на домашен терен во првиот натпревар.

Досега сите тимови прикажаа одличен фудбал,а посебна пофалба за двете екипи кои не се помеѓу фаворитите.

Како и да е, секако ќе гледаме одлични полуфиналиња како и финале без еден од главните фаворити за освојување на Лига на шампиони.

БАЕРН МИНХЕН – РЕАЛ МАДРИД

ЛИВЕРПУЛ – РОМА

- Реклама -