Ние луѓето отсекогаш сме го сакале едноставното и лесно решение. Работата едноставно ни изгледа здодевно и тешко, па затоа често ги избегнуваме дури и оние работи кои мораат да бидат завршени. Зошто да правиме нешто, кога секогаш ќе се најде некој друг што ќе го направи тоа место нас.
Ние луѓето отсекогаш сме го сакале едноставното и лесно решение. Работата едноставно ни изгледа здодевно и тешко, па затоа често ги избегнуваме дури и оние работи кои мораат да бидат завршени. Зошто да правиме нешто, кога секогаш ќе се најде некој друг што ќе го направи тоа место нас.
Железниците го намалија времето потребно за патување од точка А до точка Б на денови, авионите на часови. Но во денешно време, заштеденото време се мери во секунди. Тука на сцена доаѓа “Selfy” креветот кој се мести самиот. Овој кревет наводно може да ви заштеди неверојатни 15 секунди секој ден. Ако ви оди математиката знаете дека тоа се 105 секунди неделно, или 98 минути годишно. Што значи, слободно можете да седнете и слободно да го изгледате “Cool Runnings“, бидејќи Selfy ви создал време.
Овие влечки се опремени со памучни влакна кои се дизајнирани да ја собираат нечистотијата и правта која се собира на подот. Интересен податок: Ако сте пијани вашата соба најверојатно ќе биде почиста.
{youtube}oI63SmXSdjM{/youtube}
Грижењето за домашен миленик може да ги подготви младите луѓе за одговорноста со која ќе се соочуваат откако ќе станат родители. Но, поради густите распореди и сè подолгите работни часови, мнгоу луќе едноставно немаат време. Затоа посотои оваа машина. Оваа креација на Ентони Стефен од Кентаки, е роботска рака која се движи напред-назад. Машината треба да спречи вашето куче да се чувствува осамено.
Според креаторите на овој мопед, нивниот производ ги задоволува двете најосновни потреби на човекот: потребата за студени пијалоци, и потребата за движење без напор. Но мора да се запрашате, дали оваа направа го охрабрува возењето под дејство на алкохол? Епа, во 2008 година, жител на Њујорк кој се возел низ градот на еден ваков мопед бил уапсен од полицијата и обвинет возење во пијана состојба. [Cruzin Cooler]