Изнајмување на облека – сè повеќе барана услуга во САД

Во САД сè повеќе добива на популарност бизнисот со изнајмување на облека.

Луѓето сакаат уникатна мода на дизајнери, која што е симбол на одреден статус во општеството. За жал, ексклузивноста на овие модни парчиња е премногу скапа.

Што ќе кажете сепак на тоа да изнајмите фустан или торба на Chanel?

Ќе платите исклучително помалку, отколку во случај да сакате да ги купите нови од полиците на луксузната продавница.

Алисон Армер има 24 години и е голем фан на модната индустрија. Таа често посетува продавници за втора употреба на облека, бидејќи таму може да изнајми или купи дизајнирани парчиња по цена пониска од половината на она што се продава во продавница. За околу 77 милиони млади Американци (родени помеѓу 1980 и 2000 година) изнајмувањето станува секојдневие. Единственото нешто што оваа генерација го купува на ново се паметните телефони, додека за сè друго тие го преферираат т.н „споделување“ .

Освен што е поевтино, купувачите тврдат дека повторното користење е корисно за животната средина. Наместо да се купуваат стоки, да се фрлаат и да се купуваат нови, тие претпочитаат да уживаат повторно во нешто што некој друг го поседувал и да ги даваат своите интересни парчиња на изнајмување.

Прочитајте и:  Тајмс: Со американските ракети Украина веројатно прво ќе ги гаѓа руските и севернокорејските војници во Курск

Компанијата Kidizen е основана од две мајки и на сајтот се нудат детски стоки за втора употреба. Корисниците на сајтот растат со помеѓу 40% и 50% месечно. Тој е како социјална мрежа за родители – тие објавуваат свои слики, пишуваат за своите деца и се разбира, нудат и бараат корисни стоки. Друг сличен сајт е Yerdle. Од таму тврдат дека во гаражите на американските семејства лежат стока, облека и апарати во вредност од 100 милијарди долари, кои никој не ги користи. На овој сајт луѓето ставаат слика на производ, кој се нуди, и стои таму, се додека некој не посака да ја го купи или изнајми, а обично тоа се случува уште првиот ден.

Rent the Runway е основана во 2009 година и нуди дизајнирана облека за изнајмување за посебни прилики. Во ерата на Facebook луѓето и онака не сакаат да бидат фотографирани повеќе од два пати со една тоалета, па ваквиот бизнис звучи како добра идеја.

Текстовите во категоријата Адвертајзинг, се поддржани од нашите драги пријатели Via Marketing.

- Реклама -