Изложба на автомобилски седишта од фатални сообраќајни несреќи

izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473154583-size_1000

Во јули годинава, романската полиција започна кампања за тоа колку е важно да се користи сигурносниот појас во автомобилот. Петнаесет автомобилски седишта беа поставени во центарот на Букурешт, а сите се извадени од автомобили во кои луѓето ги загубиле своите животи, бидејќи не го користеле безбедносниот ремен.

Целта на оваа изложба е да се намали бројот на фаталните сообраќајки, со кои Романија има сериозен проблем  – таа е втора држава според бројот на истите во рамките на Европската унија. Како што пренесува полицијата, околу осум луѓе секојдневно ги губат своите животи на романските патишта, главно затоа што луѓето забораваат да ги стават безбедносните ремени, или ги мрзи, или ги ставаат од другата страна на седиштето за да им направат финта на автомобилските сензори.

Секое од овие седишта на изложбата подолу  има некој банален наслов кој ги слави доблестите на појасот, а тоа е проследено и со срцепарателна приказна на преживеаниот во несреќата.

Една од нив е и оваа:

izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155717-size_1000[1]

„Би сакал тоа да бев јас, а не Кристи и неговиот брат Вали. Беа млади и полни со живот. Кристи тукушто се пресели во Букурешт, а брат му живееше во друг град со родителите. Го посети Кристи за време на викендот, и тогаш тргнавме да го однесеме Вали назад кај родителите. Двајцата беа многу уморни. Сообраќајот се одвиваше прилично бавно, па Кристи му рече на Вали дека може да се опушти и дека не мора да стави појас. Одеднаш излетавме од патот, сé уште не знам како и зошто. Викав по нив, но никој не ме слушаше, удривме во бетонски ѕид.“

izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473154710-size_1000
„Малиот преживеан“ – седиште од Мини Купер
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473154791-size_1000
„Седиште на внимателен човек“ – седиште од лимузина
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473154874-size_1000
„Да живее појасот“ – седиште од минибус
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473154938-size_1000
„Појас кој спасува“ – седиште од автомобил
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155004-size_1000
„Единствениот преживеан“ – седиште од автомобил
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155060-size_1000
„Голем заштитник“ – седиште на камион
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155121-size_1000
„Заштитник на возачот” – седиште од автомобил
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155196-size_1000
„Среќникот што стави појас“ – седиште од SUV
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155259-size_1000
„Херојот со појас“ – седиште на луксузен автомобил
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155304-size_1000
„Го преживеа летото“ – седиште на кабриолет
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155352-size_1000
„Заштитени“ – седиште од автомобил
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155391
„Патниковото омилено“ – седиште од теренец
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155434
„Појас кој трае“ – седиште од хечбек
izlozba-automobilskih-sedista-iz-smrtonosnih-udesa-body-image-1473155629-size_1000
„Носител на појас“ – седиште од настрадан автомобил
- Реклама -