На 17 февруари 2026 година (вторник), со почеток во 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе биде свечено отворена изложбата „Графички белешки“ од македонскиот ликовен уметник Иво Пецов.
Оваа изложба претставува комплетен циклус на графички дела создадени во текот на последните пет години, кои ќе бидат претставени пред публика во Софија.
На изложбата ќе бидат изложени дваесет графики, внимателно одбрани кои претставуваат нови аспекти од неговото творештво. Делата досега биле прикажани на бројни групни изложби и меѓународни конкурси низ Европа и светот, каде што добија високи пофалби од стручната јавност, а исто така беа високо ценети од љубителите на класичната графика, поради својата изразена авторска индивидуалност и концептуална длабочина.




