„Изјавата на Ахмети не е вистина“ – Заев демантира дека имал тајни средби со Ахмети и Груевски за измените на Кривичниот законик

„Изјавата на Ахмети не е вистина“, вели екс-премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ24 откако неговиот некогашен коалициски партнер во интервју за ТВ21 рече дека изминативе години имало неколку тајни средби и неколку начелни договори, од кои последен се повлекол актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Заев, меѓутоа, категорично демантира.

„Не точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на КЗ. Изјавата на Ахмети не е вистина“, вели екс-премиерот.

Извор: ТВ24

Прочитајте и:  Мицкоски за резултатите од пописот во Албанија: Владата на СДСМ и ДУИ оставија празен простор за туѓа пропаганда
- Реклама -