Иванов за резолуцијата за македонските црвени линии: Наместо еден, сега ќе треба да срушиме два ѕида до членство во ЕУ

Политиканство заради претстојните избори – вака новинарот Зоран Иванов ја оценува резолуцијата за националните „црвени линии“ предложена од ВМРО-ДПМНЕ, а за која денеска беше соопштено дека ќе ја прифати и СДСМ, но и Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП.

Во „Само вистина“, Иванов оцени дека оваа резолуција е небитна за големите сили:

„Ние како мала држава, ако се почитуваше меѓународното право и ако важи за сите, и Курдите ќе имаа држава, кои се 30 милиони, и нашите Македонци во Бугарија ќе беа Македонци, и тие во Егејска Македонија ќе беа исто“, рече тој.

Според него, резолуцијата ќе претставува само уште еден ѕид кој ќе треба да биде прескокнат на патот до членство во ЕУ:

Прочитајте и:  Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

„Ако бугарската страна со нивната декларација крена ѕид кон Македонија, нашите не ја превенираа таа. Сега ние креваме ѕид, за да ја затвориме вратата на ЕУ. Односно, за да го прескокнеме ѕидот, треба да се сруши нашиот, па бугарскиот. Место еден, треба сега да срушиме два ѕида“, рече Иванов.

Извор: Локално

- Реклама -