Деновиве во црногорските медиуми е објавен видео прилог кој ги разбранува научните кругови уште пред 5 години, а неодамна и италијанската јавност, откако на 25 март беше реемитуван во земјата која е најпогодената од коронавирусот Европа.
Се работи за прилог првично емитуван на 16 ноември 2015 година на италијанската телевизија РАИ 3, во емисијата „Леонардо“ – научна емисија од областа на медицината. Она што е интересно е темата: новосоздаден вирус од семејството корона, и тоа во кинеска лабораторија.
Ова што ќе го видите во продолжение е оригиналниот видео прилог, со исклучок што е преведен. Се вели следново:
„Кинеските научници создадоа еден нов супер вирус, преку протеин извлечен од лилјаци кој го ставија на еден за нив стар познат вирус. Секако, тоа е само еден научен експеримент. Но сепак предизвика многу полемика и во научниот свет, во медицинските кругови, како и меѓу државите.
Значи, извлечен е протеин од лилјаци и ставен е на вирусот САРС од 2003, па испробан е на глувци. Ефектите биле убиcтвени. Штотуку стигна потврда дека смpтoносен ефект би имал и врз човекот. Се поставува прашањето: Вреди ли да се создаде едно такво биoлoшко opyжје, само за да би играле наука и експерименти“, прашува водителот во прилогот.
„Една површна ствар, еден корона вирус од ова семејство, дефинитивно би бил многу опacен на човечкиот оpганизам. Би го напaднал преку молекули, би навлегол во белите дробови и би ги нaпaднал сите клетки, би го отeжнал дишeњето, односно опaceн за респираторните органи.
Американците бараа ова веднаш да се запре. Кинезите рекоа дека тоа е само експеримент и дека користа би била многу голема.
Во вакво време попаметно е да не се ставаат никакви pизици, светот е таков што pизикот е енормен“, се вели во прилогот.
Сепак, важно е да се напомене дека меѓу научниците денес постои консензус дека коронавирусот кој предизвикува Ковид-19 е различен од вирусот споменат во прилогот и дека е настанат целосно по природен пат. Многумина од нив потсетуваат дека ја потценуваме природата и дека таа знае да создаде тоа што човекот не би можел ниту да замисли.