Рекламите се креираат со цел да ги привлечат потрошувачите и тука не се штеди на зборови кои треба да ве убедат дека дотичниот производ е најдобар, незаменлив и нешто без кое не би можеле да живеете. Но понекогаш вистината е сосем поинаква. Погледнете како би изгледале логоата на некои познати производи кога би биле брутално искрени.

Ова „Cowboy killers“ се однесува на скандалазната смрт на двајцата т.н. Marlboro man, каубоите од познатата реклама на Marlboro, кои починаа од рак на белите дробови. Семејството на вториот, David McClean, ја тужеше компанијата заради тоа што за време на правењето на рекламата тој бил принуден да испуши понекогаш и по пет кутии цигари на ден.
Овие фотошоп монтажи (повеќе можете да погледнете тука) , ме потсетија на филмот They live, sf класика од 1988 година. Накратко, приказната на филмот е дека вонземјаните се на земјата и ги контролираат умовите на луѓето проектирајќи им една лажна слика за реалноста. Во оваа клучна сцена од филмот главниот лик со помош на специјални очила, го гледа светот онаков каков што навистина е, црно-бел свет каде луѓето се држат потчинети и се манипулираат со помош на сублиминални пораки. Вонземјаните заменете ги со меркетинг и политички пропаганди, и ја добивате соголената слика на нашево современо конзумерско општество.
{youtube}7Lwlx3GnLGs{/youtube}