Isetta се враќа – издание за 21 век?

Модел со влез на предната страна, со мотор позади, налик на егзотичниот германски мини автомобил од 50-тите години на минатиот век, Isetta, беше прикажан на салонот за електромобили во Тајван – Taiwan EV Show.

Концептот со име D-Face е дело на дизајнерскиот центар D Art со седиште во Гифу, крај Нагоја, во Јапонија. Компанија D Art настапува на изложбата во Тајван со помош на организацијата Ecolumen International, која има за цел да развие еколошки комерцијални  „зелени“ врски меѓу Тајван и Јапонија. Шоуто се одржа во главниот град на Тајван, Тајпеј и беше првиот чекор на патот на концептот D-Face кон други слични светски манифестации поврзани со еколошки производи. Интересот за проектот предизвика реакции од слични организации од Турција и Унгарија.

D-Face е електромобил, какви што се моделите Chevrolet Volt и BMW i3. Погонот на автомобилот се состои од електромотор со моќ од 9,5 КЅ и бензински агрегат. Само на струја поминува околу 150 километри со едно полнење, а при работата на бензинскиот мотор, кој служи како генератор, се додадат уште 160 km. Максималната брзина не 72 km/h, што ја нагласува исклучителната урбана насоченост на моделот. Акумулаторот е со капацитет 10 kWh , со литиум-јонски полимери и за целосното негово надополнување се потребни околу осум часа во обична мрежа.

 

- Реклама -