Иран соопшти дека склучил договор за купување руски борбени авиони и хеликоптери

Иранскиот заменик министер за одбрана Мехди Фарахи денеска изјави дека договорот за купување руски борбени авиони Су-35, хеликоптери и авиони за обука е во завршна фаза.

Мехди Фарахи изјави за новинската агенција Тасним дека Иран и Русија се стремат кон поблиска воена соработка, пренесува БТА.

– Финализирани се плановите за купување на борбени авиони Сухој Су-35, борбени хеликоптери Ми-28 и авиони за обука Јак-130 кои ќе се приклучат на борбените единици на иранската армија, додаде тој.

Иранските воздухопловни сили имаат десетици воени авиони, вклучувајќи ги и руските и застарените американски модели купени пред Исламската револуција во 1979 година.

МИА

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса
- Реклама -