Иран и Русија договорија трговија во риали и рубљи, наместо долари

Иран и Русија го финализираа договорот според кој во иднина во билатералната трговија наместо долари ќе користат рубљи и риали, објавија денеска иранските државни медиуми.

Договорот беше финализиран за време на состанокот на гувернерите на централните банки на двете земји одржан во Русија, се наведува во извештајот.

Британските медиуми потсетуваат дека и Иран и Русија се под санкции на САД.

„Банките и економските субјекти сега можат да ја користат инфраструктурата, вклучително и меѓубанкарските системи освен SWIFT, за водење бизнис во домашни валути“, објавија државните медиуми.

Членките на Евроазиската економска унија (ЕЕУ), предводена од Русија, потпишаа договор за слободна трговија со Иран на 25 декември, забележуваат британските медиуми.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер
- Реклама -