Иран: Израел не постигна ниту една од своите цели во Газа, прекинот на огнот е голема победа за Палестинците

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска изјави дека Израел „не постигнал ниту една од своите цели“ во повеќе од 40 дена војна против Хамас.

Како што јави агенцијата ИРНА, Раиси рече дека „непријателот е поразен“.

„Со привремениот прекин на огнот мораме да кажеме дека палестинскиот народ и отпорот постигнаа голема победа“, додаде иранскиот претседател.

„Ционистите најавија дека ќе ја заземат Газа и дека сакаат да го уништат отпорот, но тие не постигнаа ниту една од овие цели“, рече Раиси.

Примирјето требаше да стапи во сила денеска, но е одложено за утре.

Се очекува примирјето да ги олесни страдањата на повеќе од 1,7 милиони Палестинци кои ги напуштија своите домови поради тековните израелски бомбардирања, а семејствата во Израел се загрижени за судбината на своите најблиски кои беа киднапирани во нападите на Хамас на 7 октомври кога почна војната.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

МИА

- Реклама -