iPhone 6 со 4.5 инчен екран !?

Новиот концепт за iPhone 6 предвидува големина на екранот од 4.5 инчи кој ќе биде голем чекор напред за Apple и целосно ќе може да се примени новиот оперативен систем iOs 7 кој ќе биде претставен во јуни.

Според повеќе извештаи големината од 4.5 инчи е идеална транзиција кон новите телефони на Apple кои ќе мора да фатат чекор со жестоката конкуренција од Android. Исто така iPhone 6 ќе има пригладни димензии без големи отскокнувања од iPhone 5, но со подобра искористеност на површината со екран без големи рамки.

iPhone6mockup1

Промени ќе има и во градбата на маската која ќе биде полесна и потенка. Во однос пак на хардверот се очекуваат големи промени, како процесорот А7, потоа 2800mAh батерија и многу атрактивна камера за која се шпекулира дека ќе има 20 мегапиксели.

xl_Apple-iPhone-6-concept-1-624

Останува да видиме наскоро што од сево ова е вистина, бидејќи голем дел од шпекулациите во овој момент се премногу оптимистични, додека пак други делуваат сосема логично.

iPhone-6-mockup-Martin-Hajek-002

Доколку се оди според планот iPhone 6 би требало да се појави уште при крајот на летото, што е за очекување бидејќи најсилните конкуренти од Android веќе се присутни на пазарот со одлични телефони.

[youtube]http://youtu.be/ESivYZXYqYE[/youtube]

 

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -