iPhone 5Ѕ ќе биде достапен во повеќе бои и големини?

Новиот iPhone може да биде шарен. Брајан Вајт, аналитичар во Topeka Capital Markets, тврди дека следниот iPhone ќе биде достапен во повеќе бои и повеќе големини на екранот од претходникот, iPhone 5.

За да добиете појасна идеја за што се работи, погледнете го графичкиот приказ погоре што го покажува најновиот iPod Touch во различни бои. Вајт вели дека освен белата и црната боја кои ги има сега, новиот iPhone ќе биде достапен во сина, жолта, розова и сребрена боја, како што iPod Touch изгледа сега.

Како што следбеникот на iPhone 4 беше именуван iPhone 4Ѕ, најновиот веројатно ќе го носи името iPhone 5Ѕ. Вајт, исто така, додава дека телефонот ќе биде достапен кон средината на оваа година, а меѓу неговите најконтроверзни предвидувања, кажува дека новиот iPhone ќе биде достапен со повеќе големини на екранот.

Иако Apple понуди 4-инчен екран на iPhone 5 и 3,5-инчен на iPhone 4Ѕ и iPhone 4, компанијата никогаш не понудила повеќе големини на екранот за ист модел. Оттука, Вајт смета дека ова ќе се измени со новиот iPhone кој ќе биде достапен во повеќе големини, со што верува дека ќе се зголеми побарувачката за смартфоните. Ова ја отвора и можноста за iPhone по пониски цени (т.н. iPhone mini) со помал екран кој ќе му дозволи на Apple да навлезе во кинескиот пазар, на пример.

Вајт не е прв аналитичар кој предложил повеќе бои и различни големини на екран за iPhone 5Ѕ. Во почетокот на декември, аналитичарот Питер Мисек изјави дека наредниот iPhone ќе биде во шест до осум бои.

Но, имајте на ум дека повеќето од овие аналитичари не се секогаш во право. Останува да видиме како ќе изгледа најновиот iPhone од семејството Apple. [‘iPhone 5S’ to reportedly launch by June with multiple color options and two different display sizes]

- Реклама -