Intel ќе прави инвазија во автомобилската индустрија

1

Компјутерскиот гигант Intel планира инвазија во автомобилската индустрија. Главниот извршен директор на компанијата Брајан Кeржанич ова го изјави официјално за време на автомобилскиот салон во Лос Анџелес.

Според Кержанич во следните две години Intel ќе инвестира 250 милиони долари во развој на технологија за автономно управување. Шефот на компанијата смета дека неговата компанија има предност во однос на конкуренцијата, поради своето богато искуство во областа на обработката на визуелни податоци 5G-поврзување и безбедноста.

Intel е позната најмногу по происводство на микрочипови и до неодамна немаше многу тангенцијални точки со автомобилскиот сектор. Само за последните 12 месеци, сепак компанијата склучила договори за снабдување со партнери од авто браншата во вредност од една милијарда долари. Меѓу нејзините клиенти се BMW, Daimler, Hyundai-Kia, Infiniti, Jaguar, Kia, Toyota и Tesla. Intel e партнер на BMW и Mobileye во развојот на следната електрична изведба на баварската компанија, наречена iNext. Откако ќе ја создадат технологијата за целосно автономно управување, трите компании планираат да ја нудат и на други компании.

И други хардверски гиганти се насочуваат кон автомобилскиот сегмент. Qualcomm неодамна се стекна со пакет на NXP Semiconductors – најголемиот производител на автомобилски чипови – за импресивната сума од 38.5 милијарди долари. Nvidia исто инвестира во автомобилски технологии.

- Реклама -