Home Технологија Интернет Instagram со нов веб сајт

Instagram со нов веб сајт

0

Денес, на официјалниот блог на Instagram беше објавена новата бев страна  на познатата апликација.

Да се направи Instagram дури и повеќе достапен за растечката заедница, на крајот од минатата година од компанијата почнаа да се прошируваат и на веб сајтот, со можноста да се види профилот и на instagram.com. Продолжувајќи по тој пат, од денес може на новата веб страна да ја следите целата Instagram активност исто како и од мобилната верзија. Потребно е само да се најавите со вашето корисничко име и лозинка на instagram.com

Може да пребарувате низ најновите фотографии на пријателите, да коментирате, да лајкувате, и се како и што беше до сега возможно само на мобилните верзии. Едноставно, сега сте во можност да пристапите на Instagram од различни уреди, почнувајќи од вашиот компјутер или таблет, и останатите смартфони.

Instagram е создаден за споделување слики во движење, во реално време, од реалниот живот, затоа сеуште нема опција за прикачување од веб страната. Од друга страна, Instagram за веб е фокусирано на брзо, едноставно и пријатно искуство при пребарувањето и прегледување на фотографиите.

Овој производ е овозможен од страна на една мала, талентирана група на инженери и дизајнери во тимот на Instagram, чија цел е да се направи Instagram за веб да биде поедноставно, јасно и убаво веб искуство за заедницата на Instagram.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here