Инспиративно: Со здрав живот до целосно нов изглед

Откако нејзината телесна тежина дошла речиси до застрашувачки бројки од 100 килограми, младата мајка Лорен Валис одлучила да „сврти нов лист“.

25 годишната девојка работела во пекара, и денес открива дека била во состојба во еден оброк да изеде и седум хот-дог сендвичи и џиновска порција чоколаден чипс.

Кога го достигнала конфекцискиот број 46, таа била преплашена од овој факт и станала очајна гледајќи ги своите фотографии од ноќните излегувања.

85388_lauren3_630x0

Откако се породила, Лаурен одлучила да стави точка на нездравиот живот. Таа не сакала повеќе да бега од својот одраз во огледалото, и одлучила да ги преземе работите во свои раце. Се придружила на клубот за слабеење, и за само четири месеци ослабела 30 килограми.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Лаурен ја заменила нездравата исхрана со добро осмислени избалансирани обрци, кои ги подготвувала исклучиво дома. Брзата храна за неа се претворила во минато, а овој нејзин успех решила да го сподели со луѓето ширум светот кои го имаат истиот проблем.

Таа на нејзиниот Инстаграм профил секојдневно објавува фотографии на кои може да се види како изгледала некогаш и како изгледа сега, здрави рецепти и диетални совети. Во моментов има околу 25.000 следбеници.

85387_lauren2_630x0

- Реклама -