Иновативни часовници

часовнициЧасовниците имаат поминато низ одредена еволуција. Од нивното прво појавување како големи механички направи кои се поставувале во кули, па се до џебните часовници од деветнаесетиот век, нивниот дизајн постојано се менува.

Па каква е иднината на дизајнот на рачните часовници? Дигитални часовници украсени со скапоцени камења или или ексцентрични аналогни изданија? Епа еве неколку интересни визии.

Eye of the Storm од Кијан Јиран

часовнициДизајнот на „Окото на бурата“ е инспириран од мирниот центар опкружен со уништувачка бура. Часовникот го прикажува времето само кога ќе притиснете копче, а остатокот од времето го поминува како безличен часовник.

OZO Watch од Антон Репонен

часовнициOZO е интересен часовник кој го прикажува времето преку два ротори кои постојано ротираат, часовите на горниот, минутите на долниот. Точното време се чита во рамките на црвениот песочен часовник кој е сместен во центарот на кругот.

Freflex од Лоуи Ли

часовнициОвој часовник ги користи придобивките од нанотехнологијата и сончевата енергија. Енергијата, која се чува во јаглеродни наноцевки сместени во основата, го напојува OLED дисплејот кој може да се витка. Часовникот е флексибилен, и може да издржи силни удари.

F-Moments од Киран Пал Саго

часовнициЧасовникот користи електроактивни полимери за да создаде две меки, органски стрелки кои го прикажуваат точното време. Часовникот има проѕирно, невидливо лице, но доволно е малку да го потчукнете за да се разбуди и да ви го покаже моменталното време.

- Реклама -