Infiniti го подготвува својот прв електричен модел врз основа на концептот Emerg-E.
Во основа спортско купе кое изгледа како да има високи перформанси, електричниот Emerg-E сепак не е чисто електричен модел, бидејќи располага со централно поставен трицилиндричен бензински мотор кој има задача да генерира енергија кога по поминати педесетина километри, литиум-јонските батерии кои ги напојуваат дават електромотора од вкупно 300 kW, ќе му се испразнат.
Долго скоро 4,5 метри, купето со секси изглед има реални шанси да стане сериски производ, можеби не веднаш во својата хибридна форма, но со малку покласична погонска концепција би можело лесно да ја заземе празната позиција на имиџ модел во гамата на луксузниот производител, неопходна за негов сериозен настап во Европа.
{youtube}254_MYWDlQQ{/youtube}
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус