Има ли глувци во авионите?

rat

Во петокот, еден кинески авион беше принуден да слета не многу долго по полетувањето. Причината? Глушец во кабината.

Не е јасно како глушецот се нашол во авионот, но се претпоставува дека влегол за време на товарењето на храната. Нормално, имало и загрижени патници, но тоа не е главната причина за слетувањето.

Со оглед на здравствените опасности за луѓето кои ги носат стаорците, но и можноста за загрозување на летот преку оштетување на жиците, капетанот, следејќи ги прописите, донел одлука да го приземји авионот, се наведува од Loong Air. Според нив, следниот чекор бил чистење и дезинфикација.

Па, ете го одговорот. Не, обично нема глувци во авионите.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -