ИКЕА ќе добие пет ѕвезди: Човек живеел во продавницата, незабележан

„Се нахранив и потоа се прошетав низ продавницата, а на крајот одлучив да се оморам на еден од изложените кревети, па тука заспав“, ја започнува својата приказна новинарот Харви Шемпејн, кој во една Икеа продавница поминал дури два дена, сосема незабележан.

Кога се разбудил, продавницата била затворена, а тој внатре сам и заклучен.

„ Да имаа сензори за движење, веројатно ќе ме фатеа, а тогаш ќе морав да објаснувам како се најдов таму. Но немаа сензори, а јас доживеав авантура“, вели Шемпејн.

Со оглед на тоа што му тргнало добро, одлучил да провери колку време ќе помине во продавницата без да биде забележан. Следното утро, кога се разбудил местото веќе било преполно.

„ Беше преполно со напорни купувачи кои панично бараа пластични глупости за своите темни кујни. Одлучив да одам на појадок и кафе, а кога се вратив малку шетав наоколу, разговарав со луѓе и потоа повторно заспав, заобиколен со бројни килими“.

И повторно, никој не ме забележа. Навечер седев во продавницата, пиев вино и ги разгледував креветите.

Следното утро, повторно останав невидлив.

„Икеа ќе добие од мене пет ѕвездички за гостољубивост. Сигурно ќе бидат воодушевени од високата оценка, но – заслужија“

- Реклама -