Аргентинецот за сума од 37,5 милиони фунти од Реал Мадрид се пресели во Наполи изминатото лето и воопшто не жали за направениот трансфер.
„Претседателот Аурелио Де Лаурентис многу брзо ме убеди да се преселам во Наполи” – вели Игуаин.
„Благодарен сум за седумте години поминати во Мадрид, но во Наполи ја добивам љубовта која му е потребна на секој фудбалер”.
„Се е подобро кога имате апсолутна доверба од соиграчите, директорите и клубот. Многу сум среќен тука”.
„Во Мадрид играв повеќе години на високо ниво, но постојано требаше да докажувам нешто кое веќе го демонстрирав”.
„Ми беше потребна промена на сценариото и нови предизвици, шанса да видам нови работи во мојот живот. Тоа е важен предизвик, сакам да го однесам Наполи на врвот”.
Teкстот е објавен во соработка со 24фудбал.мк