Bosch открива цел еден нов пакет со свои технологии и услуги за паркирање. Компанијата се базира на стандарден пристап – го поедноставува пребарувањето на паркинг и постепено го автоматизира процесот на паркирање.
„Мобилноста на иднината започнува денес – со интелигентното паркирање“, вели д-р Дирк Хојзел, член на Управниот одбор на Robert Bosch GmbH во својот коментар за значењето на новите технологии. Меѓу потенцијалните клиенти за паркинг идеите на Bosch се производителите на автомобили и операторите на паркиралиштата и гаражи, како и градовите и општините во целиот свет. Давателот на технологии и услуги веќе забележа кардинален успех во оваа област, особено со системите за автоматизирано паркирање и возење. Оваа година Bosch ќе регистрира извонреден рекорд: „Во 2016 година продажбата на асист-системи за возачите ќе надмине вредност од една милијарда евра“, додаде Хојзел. Речиси 2.500 инженери на Bosch – за 500 повеќе од минатата година – работат на усовршување на асистирачките системи и автоматизирано управување.
Движејќи се по патот кон целосно автоматско паркирање, во следните години Bosch ќе лансира голем број асист-системи за паркирање. Тие ќе им помагаат на возачите да паркираат без потешкотии и дури и ќе управуваат со автомобилот целосно само со притискање на едно копче. Во Германија паркинг системите се најчестите асистирачки состави во модерните автомобили. Според статистиката за регистрирани возила, половината (52%) од трите милиони возила регистрирани таму во 2014 година, се со паркинг асистент. И во други земји сликата е слична – половина од новите автомобили во Белгија и Холандија во 2014 година се опремени со систем за паркирање. Во Велика Британија тие се 19%. Овие системи се базирани главно на ултразвучни сензори, кои се произведени од Bosch уште од 1993 година.
За Bosch автоматизираното паркирање почнува во возилото, но доаѓа многу подалеку од него. „Со интелегентни услуги, Bosch се справува со амбициозната задача да бара слободен паркинг, за да заштедите време и да го намали стресот“, изјави Хојзел. Во Германија во просек се потребни 10 минути за да се најде паркинг место. Bosch ја скратува побарувачката на два начина – прво, специјалните сензори во паркинзите и гаражите откриваат и информираат за слободните места, второ, Bosch користи вградени сензори кои веќе се дел од стандардната опрема на многу автомобили за пребарување на слободни простори. Информациите се обработува во IoT облакот на Bosch и се генерираат дигитални карти на местата за паркирање. Возачите имаат пристап до овие картички онлајн или во навигацијата на својот автомобил, кој ги носи директно на зоните со слободни паркинг места. „Возилата кои се насочуваат директно кон слободните простори, ќе го намалат и загадувањето на животната средина“, вели Хојзел.