Иднината на личниот транспорт? (видео)

личен транспортНеколку компании од автомобилската индустрија имаат претставено концепти за мали урбани возила. Ова е концептот на GM наречен EN-V (Electric Networked Vehicle), мал тивок двосед кој може да помине околу 40 километри со едно полнење.

Малиот EN-V ја користи истата технологија за рамнотежа како и Segway скутерот, но нуди повеќе заштита од времето и уште едно седиште. Но, иако ваквите автомобили изгледаат забавно, и се сосема безбедни во контролирана средина, сепак постојат грижи за тоа што би се случило во судир со поголеми возила.

{youtube}XeyxMASlZro{/youtube}

Но, ако се претпостави дека ваквите возила се наменети за иднина во која нема да има големи возила, тогаш лесно може да се ужива во овој автомобил излезен од научната фантастика. Малиот EN-V ќе има автономен режим на работа, во кој вие ќе можете да се опуштите, да зборувате на телефон, да пишувате пораки или да уживате во утринското кафе додека системот изграден околу GPS ве одвезе до вашето работно место. [Futuristic bubble car takes us for a ride at CES]

- Реклама -