Прототип на концепт седиштето “NFW (Not for Wimps)” во моментов е изложено на Саем за Воздухопловни Ентериери во Хамбург. Во дизајнот на седиштето е имплементиран и лак од лесни материјали, како Кевлар и карбон фибер, кој излегува од седиштето, поминува над патникот и држи модерен монитор.
Овој гејминг дизајн би им овозможил на патниците да ги вклучат сопствените направи во мониторот. Седиштето било создадено од британскиот произведувач Contour Aerospace Ltd и Factorydesign кои се надеваат дека дизајнот ќе им се допадне на младите технофили.
„NFW е дизајниран за да им се допадне на клиенти кои долгите летови би преферирале да ги поминат играјќи игри или гледајќи филмови наместо да спијат“ изјавил Адам Вајт, директор на Factorydesign. „Предвидувам дека одредени поавантуристички настроени авиокомпании ќе опремат дел од својата бизнис класа со неколку редови вакви седишта.“
Тој додал дека лесниот дизајн исто така ќе овозможи значително пмала потрошувачка на гориво што би заштедило пари за компанијата. Боб Ловел, директор за продажби од Контур, изјавил: „Луѓето сè уште не можат да ги нарачаат NFW седиштата, но се надеваме дека ќе стимулираме дебата со авиокомпаниите за време на саемот. Сакаме да знаеме дали ваквото радикално размислување е исплатливо.“
Саемот за Воздухопловни Ентериери се одржува во Хамбург од 5-7 април. На ланскиот саем било претставено контраверзното „седло“ седиште чија цел било да се вметнат повеќе патници во секоја кабина. Air New Zealand во саботата го лансираше својот нов концепт “Skycouch” на лет од Лондон до Лос Анџелес. “Skycouch” е ред од три седишта кои можат да формираат рамна површина за лежење и е наменет за двојки и млади семејства.[Futuristic aircraft seat unveiled]