ИДФ тврдат дека го убиле експертот за ракети на Хамас

Израелската армија денеска соопшти дека во напад врз Појасот Газа убиен е Мухсин Абу Сина, наводно експерт за производство на ракети на исламистичката група Хамас.

Исто така, израелската армија наведе дека во текот на ноќта убиле неколку милитанти во Појасот Газа кои „планирале да истрелаат противтенковски проектили“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопшти дека уште една група милитанти одговорна за ракетирање на Израел, се убиени.

МИА

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -