Идеалниот војник на Хитлер бил половина Евреин

Вернер ГолдбергВернер Голдберг, војникот на Нацистичка Германија чиј лик бил искористен на постерите за регрутација како „идеален германски војник“, всушност бил половина Евреин.

Вернер Голдберг, војникот на Нацистичка Германија чиј лик бил искористен на постерите за регрутација како „идеален германски војник“, всушност бил половина Евреин.

Вернер ГолдбергВернер Голдберг (роден на 3 октомври 1919 година) израснал со сознанието дека потекнува од Лутеранско семејство. На почетокот од 1938 година, работел во логистиката на германската војска, а при крајот на истата година се пријавил во армијата. Учествувал во инвазијата на Полска која започнала на 1 септемврти 1939 година, заедно со неговиот пријател од детството, Карл Волф, чиј татко станал висок офицер во СС.

Неговата фотографија им била продадена на луѓето од весникот Берлинер Тагеблат од страна на официјалниот фотограф на армијата и подоцна објавена со опис – идеалниот германски војник. Нешто подоцна во војната, истата оваа фотографија била користена и за изработка на постерите за регрутација.

Прочитајте и:  Германија за бирократијата троши 146 милијарди евра годишно

Откако било откриено дека неговиот татко се покрстил по стапувањето во брак со Христијанка, а ги покрстил и него и неговиот брат во Лутеранската црква, со цел да имаат полесен живот во државата полна со ужасни предрасуди; идеалниот германски војник бил избркан од Нацистичката војска. Тоа се случило во 1940 година, по започнувањето на офанзивата во Франција, како последица на актот на Хитлер со кој им се забранува служење на сите Мишлинге (деца од Германци и Евреи).

Вернер Голдберг успеал да преживее до крајот на војната и неколкупати да го спаси и татко му од протерување во концентрациони логори. Голдберг умрел на 28 септември 2004 година. [Werner Goldberg]

- Реклама -