Ибра има само пофалби за Барселона и Меси, но верува во ПСЖ и вели дека во полуфиналето ќе оди оној тим кој ќе направи помалку грешки.
Денеска ПСЖ ја пречекува Барселона во првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на Шампионите.
Златан Ибрахимовиќ првично требаше да го пропушти првиот дуел против Каталонците, но УЕФА му ја намали казната па Швеѓанецот ќе биде предводникот на ПСЖ на денешниот натпревар.
„Ќе бев разочаран доколку го пропуштев овој натпревар, ова е голем дуел” – рече Златан Ибрахимовиќ на вчерашната прес конференција.
„Барселона веројатно е најдобриот тим во моментов и најдобриот на сите времиња”.
„Сакаат да ја држат топката, но и ние го сакаме поседот, играме дома. Ќе биде возбудливо, ќе пробаме да ги оневозможиме да ја играат својата игра. Се разбира, полесно е да се каже отколку да се направи”.
„Милан одигра тактички добро против Барселона, ги оневозможи да ја играат нивната игра. Утре ќе биде поинаков натпревар, треба да се фокусираме на нашата игра”.
„Меси веројатно е најдобриот фудбалер во модерниот фудбал, тој многу пати ја освои Златната Топка па треба трофејот да го преименуваат во Меси”.
„Дали е најдобриот фудбалер на сите времиња? Не знам, ќе судиме кога ќе се пензионира”.
„Лично, мислам дека напредувам секоја година откако го одиграв мојот прв натпревар во Лигата на Шампионите пред 10 години”.
„Не сум го освоил трофејот сеуште, но мислам дека сега уживам во играта повеќе од било кога и тоа е многу важно”.
„Утрешниот натпревар ќе биде комплетно поинаков од оној кој го загубив од Барса со Милан”.
„Се е ново оваа година, додека Барселона го има истиот тим веќе долго време. Победник ќе биде оној тим кој ќе направи помалку грешки”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.