И си живееа среќно засекогаш…

snowhite3Обично таков е крајот на бајките, барем онака како што ние ги знаеме.
Но, всушност доколку ги знаеме оригиналните верзии на бајките тогаш
краевите не би ни изгледале толку среќни. На следната страна прочитајте што е изоставено да се
каже во денешните верзии на неколку од нив.


bajkiteОбично таков е крајот на бајките, барем онака како што ние ги знаеме. Но, всушност доколку ги знаеме оригиналните верзии на бајките тогаш краевите не би ни изгледале толку среќни. Еве што е изоставено да се каже во денешните верзии на неколку од нив:
 

1. Пепелашка

Можеби целата приказна за кутрата мала Пепелашка и нејзината злобна маќеа ќе ви изгледа поинаку доколу го знаете оригиналниот почеток на оваа бајка. Во постарата верзија на приказната Пепелашка всушност ја убива својата претходна маќеа за нејзиниот татко да може да се ожени со нивната куќна помошничка. Да знаела само што следи понатаму…


2. Заспаната убавица

Во оригиналната верзија на бајката, не е бакнежот на убавиот принц тој кој ја буди заспаната убавица, туку раѓањето на нејзините близнаци. Да, додека е заспана принцезата забременува од принцот и се разбудува дознавајќи дека е мајка.

Тој пак, триумфално се враќа и и ветува дека следниот пат ќе се врати по нив, но заборавајќи да спомене дека, всушност, e веќе оженет со друга. Кога конечно триото ќе се најде во палатата на принцот, неговата жена пробува да ги убие сите, но во тоа ја спречува принцот.

На крајот, Заспаната Убавица по се, сепак се мажи за принцот, па оттогаш (конечно) живеат среќно засекогаш.


3. Снежана

На крајот на оригиналната верзија напишана од браќата Грим, злобната кралица е на многу чуден начин казнета за тоа што сакала да ја убие Снежана: таа треба да танцува со жешки железни чевли додека не падне мртва.


4. Малата сирена

За разлика од онаа Дизни верзија во која Ариел и нејзиниот рак Себастијан ја победуваат злобната вештица и Ариел се мажи за човекот од нејзините соништа, во оригиналната верзија на бајката од Ханс Кристијан Андерсен, Ариел може да биде на копното со нејзиниот принц само доколку испие од напивката од која се чувствува како да оди на ножеви цело време.

Таа го прави тоа, и ако очекувате дека за таквото мачење ќе биде наградена со тоа што ќе се омажи со принцот, се лажете.

Всушност принцот се жени со друга, а Малата сирена се фрла во морето каде нејзиното тело се раствора во морската пења.  

- Реклама -