И покрај поразот од Словенија, македонските ракометарки се квалификуваа за Европското првенство.

Женската ракометна репрезентација на Македонија, и покрај поразот од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026, успеа да си обезбеди пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки завршија на третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, но пред Белгија, успевајќи да бидат една од четирите најдобро третопласирани репрезентации од шесте групи.

Во натпреварот против Словенија, домаќинот ја потврдив својата фаворитска улога, создавајќи значителна предност уште во првиот дел, по што на полувремето резултатот е 15:8. Во вториот дел, Словенките неколкупати успеаја да се оддалечат со двоцифрена разлика.

Најистакната фигура во македонскиот тим беше голманката Андреа Илиќ, која забележа 14 успешни одбрани, додека Андреа Јанкуловска беше најефикасна со 4 постигнати голови.

Прочитајте и:  Повредата на Дончиќ е потешка отколку што се сметаше претходно

Во вториот натпревар од групата, Германија ја победи Белгија со резултат 45:25.

Германија заврши прва со максимални 12 бода, пред Словенија со 8. Македонската репрезентација освои 2 бода, колку и Белгија, но поради подобриот меѓусебен скор, нашите ракометарки завршија на третото место.

Ова е осмо учество на женската македонска ракометна репрезентација на Европско првенство и трето по ред.