Hyundai имаше три светски премиери на парискиот автосалон, новата генерација i30 со три врати, сосема новиот претендент во автомобилскиот спорт, подготвен за рели i20 и ix35 Fuel Cell, кој веќе е подготвен да биде доставен за експлоатација во јавни и приватни флоти.
Новата генерација i30 со три врати Made in Europe го прави Hyundai уште попривлечен за фановите на корејската компанија на Стариот континент. Благодарение на својот, уште подинамичен стајлинг, врвни перформанси и квалитет корејскиот гигант ги потврдува своите амбиции да стане водечки бренд и на овој дел од светот.
Дизајниран и конструиран во склад со верзијата со пет врати, во Европскиот технички центар на Hyundai во Германија, тривратниот компакт е првиот автомобил со ваква концепција, насочен кон европските корисници. Од секоја перспектива се забележуваат новите дизајнерски ноти. Нови предни и задни светла за магла, маска со нов изглед, јасно изразена странична линија и спортска задница.
Моделот со три врати ги задржува високите нивоа на квалитет и опрема во склад со еколошките и ефикасни вредности на останатите претставници на новата генерација i30.
Подготвен за рели збиднувањата и авантури, моделот Hyundai i20 ги истакнува во преден план, динамиката и спортскиот дух, кој се во склад со традициите на марката. Исто како Accent, желбите се да учествува во Светскиот рели шампионат – WRC. Поточно, тоа значи враќањето на Hyundai во мото спортовите.
Hyundai се заложува за почиста и еколошки поприфатлива средина во иднината, па веќе го подготви за производство моделот ix35 Fuel Cell, кој досега се тестираше во неколку европски метрополи.
Визуелно моделот добил неколку модификации, како и технички подобрувања, вклучувајќи 100 киловатен литиум-полимер акумулатор, кој обезбедува автономија од 588 километри. Hyundai ix35 Fuel Cell ќе влезе во сериско производство во декември оваа година, а испораките ќе почнат во 2013.
Објавено во соработка со Авто Плус.