Храна што треба да се избегнува пред патување

Непосредно пред подолги патувања, без разлика дали се работи за патување со автобус, авион или воз; одредени видови храна треба да се избегнуваат за да не дојде до мачнина или потешкотии со стомакот. Денес ќе разгледаме дел од нив…

Грав

На почеток, треба да се избегнува секоја храна што може да предизвика создавање вишок гасови во дигестивниот тракт. Секако, на прво место е гравот, но тука спаѓаат и други видови храна кои се на листата на исклучително здрави јадења, како што се зелката и брокулата.

Лук

hrana-patuvanje

Лукот нема да предизвика потешкотии со стомакот, но затоа ќе предизвика омраза кај другите патници. Не само што здивот ќе ви мириса со часови по јадењето на лукот, туку и откако ќе почнете да се потите, мирисот ќе се рашири многу побргу.

Помфрит

Пржените компирчиња секогаш изгледаат доста примамливо, но размислете дали сакате да имате мрсна, пржена храна во желудникот додека патувате по нерамни патишта или додека искусувате турбуленција. Згора на тоа, заситените масти во комбинација со големото количество сол може да доведат до задржување на течности во организмот, што сигурно ќе предизвика потекување на стапалата.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Алкохол

HEALTH Alcohol 074058

Можеби сакате да ги смирите нервите пред патувањето, но алкохолот е деуретик и може да предизвика дехидрација. Ако патувањето е долго, тогаш ќе имате потреба од повеќе вода, а потоа и од повеќе паузи за тоалет…

Месо

Некои луѓе имаат потешкотии при варењето месо. Ако јадете месо непосредно пред патувањето, може да се случи да се превиткувате од болки во желудникот, додека организмот се обидува да се справи со тешките масти.

Овошје

fruit-basket-cynthia-berridge

Овошјето воопшто не е лесно за варење и како и секоја друга храна богата со растителни влакна, може да предизвика гасови.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -