Храна што ќе ви го намали ризикот од воспаленија

ХранаВоспаленијата се составен дел од имунолошкиот систем на организмот. Но, доколку тие започнат хронично да се појавуваат, силата на тој систем драстично опаѓа, па следниот пат кога некоја болест ќе ве нападне, одбраната значително ќе биде поткопана. Прочитајте кои видови храна треба да ги одбегнувате за да го намалите ризикот од воспаленија во сезоната на грипови и настинки.

Воспаленијата се составен дел од имунолошкиот систем на организмот. Но, доколку тие започнат хронично да се појавуваат, силата на тој систем драстично опаѓа, па следниот пат кога некоја болест ќе ве нападне, одбраната значително ќе биде поткопана. Прочитајте кои видови храна треба да ги одбегнувате за да го намалите ризикот од воспаленија во сезоната на грипови и настинки.

ХранаОмега 6 масти

Овие масти делуваат врз организмот така што го тераат да произведе хемикалии што предизвикуваат воспаленија. Содржани се во сончогледовото, пченкарното и растителното масло. Исто така и во мајонезот и многу преливи.

Незаситени масти

Пакуваните производи започнуваат да ги избегнуваат, зашто се покажа дека предизвикуваат воспаленија. Истите се обележани на етикетите и не би требало да е тешко да ги забележите.

Oксидизирани масти

Никогаш не го загревајте маслото до степен кога започнува да чади. Оксидацијата на мастите (дури и ако се работи за корисни масти) ќе ги разгради и ќе ги претвори во материја што ќе му наштети на вашето здравје. Исто така, трудете се да избегнувате стар путер од кикирики и чоколатца кои ви стојат во плакарот подолго време.

Бела храна

Прочитајте и:  Четири грешки кои предизвикуваат зголемување на шеќерот во крвта: Многу луѓе не ни сфаќаат дека ги прават

Белото брашно, белиот шеќер, белиот ориз и инстант пирето од компири предизвикуваат зголемување на нивото на шеќер во крвта, што пак доведува до намалување на имунитетот и појава на воспаленија.

Животински масти

Жолчките од јајца, кожата од месото и полномасното млеко и млечните производи имаат висока концентрација на животински масти. Сите тие содржат висока концентрација на омега 6 масти.

Премногу алкохол

Избегнувајте повеќе од 1-2 алкохолни пијалаци дневно. Зголемените количини алкохол во организмот можат да предизвикаат промени во интестиналниот систем, дозволувајќи им на бактериите да навлезат во крвта, што пак сигурно ќе предизвика воспаление.

Држете се до следниве антивоспалителни видови храна:


Омега 3 масти
– ги има во туна, лосос, ореви, лешници, итн.

Обоена храна
– црвен кромид, црно грозје, домати, портокали, итн.

Билки и зачини
– меѓу останатите, како најефективен зачин се издвојува ѓумбирот.

Чоколадо и вино
– Црвеното вино е ефективно против воспаленијата, а исто така и темното чоколадо, поради високата концентрација (70%) на какао. Истражувањата покажаа оти ќе ви користи и една чаша топло какао секој ден.

- Реклама -