Не, не станува збор за чоколади и други слатки работи. Ова е храна која ги има состојките кои ќе ве извлечат од депресија и екпресно ќе ви го подобрат расположението.
Не, не станува збор за чоколади и други слатки работи. Ова е храна која ги има состојките кои ќе ве извлечат од депресија и екпресно ќе ви го подобрат расположението.
Портокал, лимон, грејпфрут
Овие овошки се богати со витамин C кој го намалува нивото на хормонот на стресот. Добра замена за нив е и зелката бидејќи и таа е богата со овој витамин.
Зелен лиснат зеленчук
Кељот, спанаќот и блитвата содржат фолна киселина, која според истражувањата ја намалува депресијата и го подобрува протокот на крв во мозокот. Доколку не јадете ваков вид на зеленчук барем еднаш дневно, тогаш размислете за тоа да земете додаток кој содржи фолна киселина.
Ореви
Главните состојки кои ќе направат да се чувствувате како дете – среќни и безгрижни – е витаминот Е, аминокиселините и магнезиумот. Оревите имаат низок гликемиски индекс, што значи дека не влијаат на нивото на шеќер во крвта, но затоа забележително делуваат на промената на расположението на подобро.
Лосос и скуша
Omega 3 масните киселини кои се наоѓаат во мрсната риба како лососот, скушите и харингите се многу важни за добар метаболизам и позитивен став. Оваа храна веднаш ќе го подобри вашето расположение, а ќе го намали ризикот од депресија, стрес и губиток на памтењето.
Сушени цреши
Калиумот, магнезиумот и витаминот C му помагаат на организмот да се справи со стресот. Сувите цреши го одржуваат мозокот здрав бидејќи содржат антиоксиданси кои го спречуваат оштетувањето на мозочните ќелии.