Храм на тигрите

800px-dsc045pp70Храмот на тигрите е
будистичко место во Западен Тајланд кое се грижи за повеќе врсти на
животни, а меѓу нив и неколку припитомени тигри кои шетаат наоколу
слободно еднаш дневно.
Нивната кратка прошетка е наменета за галење со туристите:)

 

800px-tourists_tiger_temple
 
Храмот на тигрите е будистичко место во Западен Тајланд кое се грижи за повеќе врсти на животни, а меѓу нив и неколку припитомени тигри кои шетаат наоколу слободно еднаш дневно. Нивната кратка прошетка е наменета за галење со туристите:)
 
800px-dsc04570

Засолништето за животни е формирано во 1994г. во шумата на храмот и за своите заложувања доби златна јубилејна статуа на Буда тешка 80 килограми. Храмот својата заштитничка улога кон животните ја започнал по пријавите за ловокрадство во регионот и голем број животни кои останале сирачиња поради ловокрадците. Биле донесени и неколку мали тигри кои успеале да се размножат во резерватот и денес има околу дваесетина.

Филозофијата на чување на овие животни е различна од конвенционалната на Зоолошките градини и со нив овде се постапува како со членови на фамилијата. Будистите веруваат дека иако има шанса малечките тигри да се вратат повторно во дивината, најверојатно е дека нивните родители ќе останат тука и еден ден според верувањата ќе се реаинкарнираат во луѓе.

 
800px-dsc04559

- Реклама -