Honda Shuttle и официјално

Пред само неколку недели Honda понуди неколку информации и некои фотографии за својата новина Shuttle, со што беше практично разоткриен моделот, а сега новината е и официјално презентирана.

Возилото претставува нешто како караван-комби верзија создаден вез субкомпакната изведба на Honda, моделот  Fit/Jazz и пристигнува со неверојатни над 500 литри товарен простор при користењето на сите седишта. Всушност ова е и вистинската поента за лансирањето на ова остварување кое ќе користи платформа, елементи од внатрешноста, механиката, технологиите од базниот модел.

Варијантите за погон се два хибридни системи со 4х4 механизам или стандарден 1,5-литарски бензински мотор, со пренос на предната оска. Опремата на моделот вклучува 16-инчни тркала, контрола на крстарење, безклучен пристап, навигација…

Продажбата на Honda Shuttle почнува “наскоро”, како што производителот објасни можеби на стартот на есента.

- Реклама -