Honda ќе лансира побрз Civic Type R?

Honda објави дека не ја исклучува можноста да се развие уште побрза верзија на Civic Type R. Најважниот услов тоа да се случи е некоја друга фирма да го „украде“ рекордот на Јапонците за најбрз автомобил со преден погон на Нирбургринг!

Од последните изјави на главниот инженер на проектот, Хисајуки Јаги, рекордот на набилданата верзија е поставен пред околу една година, кога бил користен предсериски прототип од моделот. Возилото беше опремено со сериски мотор, суспензија и брзини, а единствено беше отстранета климатизација, со што се намали тежината и имаше модифицирана верзија на конструкцијата за пилотот. Јаги исто така коментира дека Јапонците се подготвени да одговорат ако некој пушти побрз од нивниот модел. Тогаш ќе биде лансирана уште похардкор верзија на Civic Type R, која ќе биде полесна и со помоќен мотор.

- Реклама -